Министерот за економија Ваљон Сараќини вчера на средба со претставници на мисијата на Светската банка ги претстави реализацијата на проектот „Луково Поле“, статусот на изготвување на Извештајот за приоритетна енергетската инфраструктура, како и за реализацијата на ГЕФ проектот за одржлива енергија и на Националната програма за енергетска ефикасност на јавни згради до 2019 година (прва фаза). Претставниците на СБ укажале дека Луково Поле, што треба да се финансира со кредит од Светска банка, е добар проект и неговата реализација е во заеднички интерес. На средбата станало збор и за Извештајот за приоритетна енергетската инфраструктура за период од 10 до 15 години што го изготвува Светска банка на барање на Владата на Република Македонија, а за што таа реализира мисија во периодот од 8 до 20 април, во текот на која одржа состаноци со претставници на ресорните министерства, кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, РЕK, енергетските претпријатија и МАНУ.
Министерот за економија Ваљон Сараќини вчера на средба со претставници на мисијата на Светската банка ги претстави реализацијата на проектот „Луково Поле“, статусот на изготвување на Извештајот за приоритетна енергетската инфраструктура, како и за реализацијата на ГЕФ проектот за одржлива енергија и на Националната програма за енергетска ефикасност на јавни згради до 2019 година (прва фаза).
Претставниците на СБ укажале дека Луково Поле, што треба да се финансира со кредит од Светска банка, е добар проект и неговата реализација е во заеднички интерес.
На средбата станало збор и за Извештајот за приоритетна енергетската инфраструктура за период од 10 до 15 години што го изготвува Светска банка на барање на Владата на Република Македонија, а за што таа реализира мисија во периодот од 8 до 20 април, во текот на која одржа состаноци со претставници на ресорните министерства, кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, РЕK, енергетските претпријатија и МАНУ. Нацрт-извештај најавува Министерството за економија, кој ќе им биде доставен на надлежните институции до 10 јуни, а на 14 јуни ќе биде одржана работилница, во организација на Банката.
Во врска со реализацијата на ГЕФ-проектот за одржлива енергија, министерот Сараќини изразил очекување дека Светската банка, со експертска и финансиска помош, да ја поддржи и реализацијата на Националната програма за енергетска ефикасност на јавни згради во Република Македонија до 2019 (прва фаза). Финансиската поддршка за реализација на оваа програма ќе се одвива преку Фондот за енергетска ефикасност, за што е побарано финансиска поддршка од Банката во форма на грант и експертска поддршка за негово основање и функционирање.
Претставниците од Светска банка изразија подготвеност за поддршка на натамошните активности на Република Македонија, особено во областа на енергетската ефикасност, соопштија од Министерството за економија.